Лидерската тројка во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, продолжи во ист ритам и прокнижа нови три максимални победи со кои полека се одвојува од конкуренцијата. Шампионот Работнички со 3:0 беше подобар од новајлијата Ускана, а идентични победи но на гости обезбедија и одбојкарките на Наковски Волеј и Јанта Волеј.
Во последниот меч од тековната рунда, екипата на Младост УГД славеше над Вардар ЕМ и ја запиша третата сезонска победа.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 7. КОЛО
Работнички – Ускана 3:0 (25:14, 25:9, 25:19)
Струмица – Јанта волеј КВ 0:3 (13:25, 21:25, 18:25)
Фит фан волеј – Наковски волеј 0:3 (25:13, 25:10, 25:13)
Младост УГД – Вардар ЕМ 3:0 (25:17, 25:21, 25:19)
TАБЕЛА: 1. Работнички (17), 2. Јанта волеј (17), 3. Наковски Волеј (17), 4. Фит Фан Волеј (11), 5. Младост УГД (9), 6. Вардар ЕМ (5), 7. Струмица (3), 8. Ускана Волеј (2).