Репрезентацијата на Англија и официјално се враќа во А-сегментот во Лигата на нации откако во последното 6. коло од Б-сегментот славеше со 5:0 над Р. Ирска и го потврди пласманот на првото место во групата „2“. Иако имаа идентичен број на бодови, Грците ќе мора да се задоволат со второто место и да играат пелј-оф за влез во А-елитата. Грција денеак аславеше со 2:0 на гостувањето кај Финска.
Норвешска со 5:0 го „растури“ Казахстан и го искористи „киксот“ на Австрија за да го освои првото место во групата „3“ и да си обезбеди место во А-сегментот во следното издание на Лигата на нации. Словенците кои посакуваа победа над Австрија извадија само реми и сега ќе мора да играат бараж за опстанок во Б-зоната.
Англија – Ирска 5:0
1:0 Кејн 53′ (п), 2:0 Гордон 56′, 3:0 Галагер 58′, 4:0 Боуен 76′, 5:0 Харвуд-Белис 79′
Финска – Грција 0:2
0:1 Бакасетас 52′, 0:2 Цолис 56′
Австрија – Словенија 1:1
1:0 Шмит 27′, 1:1 Черин 82′
Норвешка – Казахстан 5:0
1:0 Халанд 23′, 2:0 Халанд 37′, 3:0 Серлот 42′, 4:0 Халанд 71′, 5:0 Нуса 76′