Македонската фудбалска репрезентација е прва во својата група од Лигата на Нациите. Сега веќе тоа е и официјално откако предмалку нашиот национален тим ги совлада Фарски Острови на Арената Тодор Проески во Скопје и ги обезбеди одличните 16 бодови во оваа кампања.
Посакувавме триумф и го добивме. Тврдата селекција на Фарски О. беше „скршена“ во вториот дел со голот на Бојан Миовски, а до тој момент имавме иницијатива која мораше во еден момент да биде валоризирана. Одигравме повторно на потреното ниво, постигнавме гол, а не го примивме, она што очигледно влегува во мода за нашиот национален тим. Да останеме со „чиста мрежа“.
Овие играчи не го заслужуваат овој терен и овие услови, заслужуваат многу подобри
„Со оглед на тоа со што се соочуваме кога играме на страна, многу сме назад што се однесува до теренот. Овие момци заслужуваат многу подобро. Мислам на теренот. Се до излегувањето на терен се е супер, фала за ФФМ. Кој и да е надлежен, тука мора да се реагира. Не само за нас, и за противникот. Многу е полесно да се браниш на ваков терен. Како противникот денес. Многу е тешко да креираш. Никогаш не сум го посочил ова, но еве сега тоа го правам. Не мора да одиме подалеку доволно е да одиме во соседството. Честитки за моите фудбалери, не знам колку се рекорди се срушени, но познавајќи ги добро нема да застанат тука. Се што прават до сега, е мотив да се продолжи во правилната насока„ – изјави селекторот Милевски на стартот на прес конференцијата.
Дали е Македонија подготвена за Б дивизијата во Лигата на Нациите
„Ќе се навратам малку на квалификациите претходно. Игравме со три селекции кои беа на последното ЕП. Освен неколку меча на останатите бевме конкурентни. Се останато бевме на нивото кое што мислам дека треба да бидеме. По тие квалификации одлучив да играм со ектра сериозно селекции на пријателски мечеви. Се она што го видов ми кажа дека имаме потенцијал. Свесен сум дека имаме потенцијал. Коментарите се дека имаме лесни противници. Не се сложувам со тоа. Фарски, Летонија и Ерменија се конкурентни. Само оној што не знае да види може да каже дека ова се лесни противници. Ова е правецот на кој што Македонија треба да оди во иднина. Начинот на кој што играат, начинот на она што влегуваат на меч, енергијата која што ја имаат. Пример како тоа треба да се прави. – рече селекторот Милевски.
Овие момци навистина не се нормални
„Секако дека планирам некакви измени. Промени. И во меѓувреме пронаоѓаме решенија за одредени позиции. Цело време го правиме тоа. Ростерот е тој. Бројот на играчи кои можат да бидат конкурентни на евро ниво е тој. Но на не заборавиме дека овие момци навистина мислам дека не се нормални. Осум од првите единаесет немаат минутажа. Некои од нив не играат воопшто. Од каде ја наоѓаат таа енергија? Јас знам. Од нивниот карактер и од нивниот менталитет. Друг избор немам, освен да го почитувам она што го прават. Тие се играчите, јас нема никогаш да се откажам од нив. А во каква форма се, натпреварувачка. Никаква. Физичка, тие си знаат како ја одржуваат. Но менталната снага нивна е неверојатна – искрено и од срце вели селекторот Милевски и финишираше.
„Сето тоа што го кажавте е така. Огромен квалитет е на тимот. Да се враќа од негатива, да биде трпелив. Ни треба малку повеќе самодоверба, да веруваме во себе и во своите способности. Се надевам дека ќе си ги решат проблемите на клупско ниво и дека тоа ќе ни помогне на сите. Како на нив така и на нас“ – поентираше селекторот.
Без емоции никогаш и не би ја водел Македонија
„Секој има право да каже што сака. Но лично морам да кажам дека јас се водам многу според моите емоции. Само така може да се води една репрезентација. Сите сме менливи, и играчи и селектори. До еден. Но Македонија е вечна. Оваа репрезентација е вечна. Мора така да размислуваме ако сакаме нешто да направиме. – вели селекторот.