Младите денеска по втор пат против Косово

95

Македонската репрезентација до 21. година денеска ќе го одигра вториот од двата закажани пријателски мечеви против соодветната селекција на Косово.

Селекторот Канатларовски го води во моментов селективниот камп за генерацијата 2004/05 која што треба да го понесе товарот за следнито квалификациски циклус. На првиот дуел одигран на 14. ноември загубивме со 1:3, а денеска имаме можност да се поправиме.

На тој дуел шанса добија најголемиот дел од репрезентативците, а единствениот гол за нас го постигна Никола Величковски, играчот на Септември Софија.

Мечот стартува од 12:00 часот, а се игра секако на комплексот Петар Милошевски.

 

ПретходноБарбарез по прашањето за оставка: Ти ова сериозно ме прашуваш!? (ВИДЕО)
СледноМакедонија не смее да застане тука, одиме на победа и против Фарски Острови (ВИДЕО)