Вестите кои доаѓаат од Бразил јавуваат дека Нејмар е пред сензационално враќање во својот матичен клуб Сантос. Бразилската ѕвезда сака да се врати „дома“ по неуспешната авантура во Ал Хилал уште зимава.
Наводно Нејмар не правел никакви проблеми во личните преговори и се согласил да игра за значително помала плата од таа во Саудиска Арабија. Останува уште бразилецот да се договори со Ал Хилал за спогодбена разделба уште во јануарскиот преоден рок. Тој пристигна во Саудиска Арабија за цена од 90 милиони евра и договор од 100 милиони евра по сезона.
Нејмар не се наигра во Саудиска Арабија поради честите повреди кои го мачеа, но враќањето во Сантос може да значи достоинствен крај на кариерата на еден од најдобрите бразилци во историјата на фудбалот.