Македонската фудбалска репрезентација ја исполни поставената цел – како првопласирана во својата група со пет победи и само реми ја заврши Ц Дивизијата и обезбеди пласман во Б.
Нашите момци во шест натпревари постигнаа 10 гола, а примија само еден од белата точка. За првпат во својата историја Македонија има серија од пет победи во низа, за првпат мрежата на еден наш голман мирувала 541. минита, ова остварување му припадна на Столе Димитриевски.
Овие момци покажаа дека се класа за Ц Дивизија и дадоа голема искра надеж на фудбалските фанови дека допрва имаат што да покажат.
Македонија по двете победи во ноемврискиот циклус најверојатно ќе се најде на 61. место на ФИФА листата што пак би било најдобар пласман во последните 15 години.