Полувреме: Македонија – Фарски О. без голови, најдобрата шанса за Алими

56

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра последниот дуел од актуелната Лига на Нации против селекцијата на Фарски Острови на домашен терен. По сончево но студено време во Скопје, на полувреме Македонија пред малку публика не успеа да постигне гол и резултатот гласи 0:0.

Нашите репрезентативци имаа иницијатива, имаа и шанса преку Исник Алими во 40 минута која што не ја искористија. Одличната топка од последната наша дефанзивна линија, беше само проследена од Енис Барди до Алими кој излезе сам пред противничкиот гол но со дефанзивец на грбот па неговиот шут во пад замина покрај дирекот.

Барди од далечина, Миовски за малку краток

Ударот на Барди, и проигрувањето за Миовски во празно кое нашиот напаѓач не го стигна се едиствените моменти за споменување. Наспроти тоа, Фарски со одлично поставена одбрана, во формација без напаѓач одлично се брани, а на моменти и опасно напаѓа од контра.

 

ПретходноПочна „ерата“ на Раул Алонсо во Битола (ФОТО)
СледноПремиерот дава поддршка од трибините за Македонија