Селекторот на репрезентацијата на Португалија, Роберто Мартинез одлучи да ослободи четворица репрезентативци за мечот против Хрватска во рамките од А дивизијата во Лигата на Нациите. Истиот се игра утре во Сплит, со почеток од 20:45 часот, а со оглед на фактот што Португалија веќе обезбеди прво место во групата нема потреба од дополнителен ангажман на неколкумина. Тука пред се се мисли на Кристијано Роналдо, Бруно Фернандеш и Бернардо Силва, а во Сплит не патува и Педро Нето.
Португалија со 5:1 во петокот ја совлада Полска, и со 13 бодови обезбеди прво место. Хрватска е втора со шест помалку но и е потребен бод за да г обезбеди второто место во групата, под услов Шкотска да слави победа во Полска.