Џонс сепак е „друга планета“ за Миочиќ (ВИДЕО)

250

Долго очекуваната УФЦ борба помеѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ заврши со победа на американецот. Во Медисон Сквер Гарден како главна борба, овие двајца влегоа во октагонот со голема помпа и неколкумесечна најава. Сепак, веднаш се виде дека кај Миочиќ оставил трага фактот што ова му е прва борба по четири години и дека во моментов има 42.

Џонс кој е сметан за еден од најдобрите во својата категорија на сите времиња, доминираше уште од самиот старт, зададе многу удари во телото уште во првата рунда но Миочиќ изненадувачки издржа. Ништо поинаку не беше ни во втората делница, за да Џонс конечно го докрајчи противникот во третиот дел.

Џонс во моментов е со скор од  (28-1-1), а единаесет од овие победи се со нокаут.

 

ПретходноСалаи е згрижен во болница и ситуацијата е стабилна (ВИДЕО)
СледноБарбарез по прашањето за оставка: Ти ова сериозно ме прашуваш!? (ВИДЕО)