Уште една драматична завршница, но уште еден пораз за Гостивар. После дуелот со МЗТ Скопје кој беше решен во продолжение, кошаркарите на Гостивар не успеаја да ја добијат неизвесната завршница против Кожув, на домашен терен беа совладани со 66-68 во меч од седмото коло во Првата лига.
За гевгеличани ова беше четвртти и значаен триумф, имаат и три порази, додека на другата страна пак Гостивар го запиша петтиот пораз, има само две победи.
Кожув речиси во поголем дел од мечот го имаше водството пред одморот имаше довицфрени 32-42, но противникот со седум поени во низа намали на 39-42. Третата четвртина донесе возбудувања бидејќи Гостивар се врати во мечот и во последните десет минути влезе со позитива од 56-53. Беше вистинска игра на нерви која на крајот ја доби гостинскиот состав, во овој период беше подобар со 10-15.
Пилепиќ и Ставановиќ со по 22 поени беа лидери кај Кожув, на другата страна Соколов имаше 16 поени и 10 скока.