Бојан Миовски во 62-та минута успеа да ја пробие одбраната на Фарски Острови и да стави победнички печат на македонската фудбалска репрезентација во овој успешен циклус. Македонија за првпат има пет победи во низа и тоа без примен гол, што пак донесе пласман во Б Дивизија.
По мечот Бојан Миовски не го криеше своето задоволство. Среќен е што Македонија успеа да запише победа на домашен терен.
„Задоволни сме од сите мечеви од групата. Целта беше прво место во групата знаевме со каков противник играме, Фарски Острови дојдоа со голема самодоверба по мечот со Естонија, беше тешко да се пробие нивната одбрана. Но, останавме смирени тоа беше договорот на полувремето, дојде таа шанса, а јас ја искористив на најдобар можен начин за три бода.
Горди сме бидејќи го носиме дресот на националниот тим. Како тим играме добро и имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и ќе ја израдувам Македонија со уште поголеми успеси“, рече Миовски.