Кошаркарите на Чаир 2030 успеаја по продолжение да слават на гостински терен против ТФТ (92:94) и да му го нанесат првиот пораз на лисерот во досегашниот дел од шампионат. Чаирчани се првата екипа која му нанесе пораз на досега непобедливиот состав на ТФТ.
Чаир беше пред пораз во регуларниот дел од мечот, но успеа да се избори за продолжение на спектакуларен начин. Во последните секунди ТФТ имаше предност од три поени, но со тројка на две секунди пред крајот на регуларниот дел успеаја да израмнат и да го однесат мечот во дополнителни 5 минути.
Таму непогрешливиот Дејвид Ролинс одигра фантастично и донесе многу важен триумф, шести во седум одиграни кола, и со тоа израмнување на врвот на табелата со денешниот противник.
Ролинс постигна 28, а Кикр 24 поени во победата на чаирчани, додека кај ТФТ, Говенс со 31 поен беше незадржлив.