Заслужено: Фудбалерите добиваат награда од 600.000 евра

933

Македонската фудбалска репрезентација од вчера и официјално е прва во сцојата Ц дивизија од штотуку завршената Лига на Нации и се сели во погорниот шешир. Од следниот цицклус сме во Б дивизијата.

Тоа е заработено со цели 16 бодови во овој циклус во кој сме без пораз, и на пет меча сме перфектни, со победа и без примен гол.

Благодарение на тоа, Македонслата фудбалска репрезентација ќе подели премија од 600.000 евра од средствата на ФФМ секако.

Спортспорт дознава дека на веќе ветената сума од претходно по синоќешниот успех, раководството реши да додели дополнителни 440.000 евра за целокупниот екипаж на репрезентацијата.

Селекторот Благоја Милевски на синоќешната прес конференција јавно се заблагодари и од срце им честита на неговите избраници за тоа што го остварија во оваа Лига на Нации и за тоа како се боре во националниот дрес. Нивниот моментален статус по клубовите и се што им се случува на приватен план, едноставно не соодетстува со она што репрезентативците го прикажуваат во националниот дрес. Токму затоа рече селекторот залужуваат максимален респект и огромни честитки од сите.

 

ПретходноСпалети: Требаше подобро да ја контролираме топката
СледноГоран Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!