Магдевски отпадна за првиот дуел против Литванија

145

Македонскиот кошаркарски национален тим денеска го има официјалниот собир пред дуелите со Литванија дома и на гости закажани за 21. ноември во Скопје, а вториот, три дена подоцна, 24.ноември, на гостински терен во Клаипеда.

Селекторот Јончевски се соочува со проблеми со оглед на неколкуте откажувања поради клупски обврски за првиот дуел во Скопје, а последна информација од нашиот табор е дека поради повреда за мечот во „Кале“ недостапен е и Андреј Магдевски. Останатите се во строј и ќе тренираат до четврток според планираното, по еднаш или два пати во денот.

Мечот в четврток стартува од 18:00 часот.

СОСТАВ МАКЕДОНИЈА:

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – Работнички
Стојан Ѓуроски – Работнички
Виктор Ефремовски – Работнички
Страхил Николов – ТФТ
Бобан Стајиќ – Пелистер
Кристијан Николов – Џеди Осман академи (Турција)
Адем Мекиќ – Бора (Косово)
Лејсон Зеќири – Башкими (Косово)
Итан Хап – Валенсија (Шпанија)
Ненад Димитријевиќ – Олимпија Милано (Италија)

ПретходноГоран Пандев: Честито Масар Омерагиќ– пред нас е многу работа!
СледноПлатини е против ВАР, би го оставил на сила само за една работа