Ноемврискиот поход на Македонија и го носи најдобриот пласман на ФИФА ранг листата во последните 15 години!

949

Македонската фудбалска репрезентација со пет победи и едно реми, десет дадени голови и само еден примен гол, ја заврши групната фаза во Ц Дивизија и обезбеди пласман во Б Дивизија во Лигата на Нации. Покрај ова мрежата на голманот, Столе Димитриевски мируваше 531 минута, што е апсолутен рекорд во репрезентативната историја.

Но, не само ова. Двете победи во ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски Острови според калкулаторот на ФИФА треба да ја однесат Македонија на 61-то место на ранг листата на светските селекции.

Ова би бил најдобар пласман на нашата репрезентација во последните 15 години. Последен пат Македонија на 61-то место или подобо рангирана од тоа беше на 26 мај 2010 година.

Македонија во октомври се најде на 69-то место, што значи сега ќе направи напред од осум места.

ПретходноКливленд продолжи да гази – влезе во посебно друштво! Нов пораз на Денвер без Јокиќ (ВИДЕО)
СледноНовак Ѓоковиќ продолжува да тоне на АТП-листата