Погледнете како изгледа тревникот на Баерн на пет дена до дуелот со Аугсбург

327
Фото: Screenshot: FC Bayern webcam

Баерн Минхен во петок од 20:30 часот на „Алијанц Арена“ ќе го пречека Аугсбург во 11. коло во Бундеслигата. На пет дена пред натпреварот, на стадионот во Минхен нема трева, што може да се види на веб камерата на клубот. Билд пишува дека тревата целосно се менува откако Каролина Пантерс и Њујорк Џајант одиграа НФЛ натпревар на Алијанц Арената на 10 ноември во рамките на европската турнеја.

Американските фудбалери, го оштетија теренот, па Баерн сега ќе добие нов. Вработените во Баерн задолжени за тревникот не би требало да имаат проблем да го извршат реновирањето на теренот кој го финансира НФЛ со 200 илјади евра.

Во саботата, работниците ја отстранија старата, истрошена трева и ја транспортираа во ролни до младинскиот кампус, каде што ќе се користи понатаму. Новиот, хибриден тревник, односно мешавина од природна и вештачка трева, ќе доаѓа во ролни, а неговата инсталација ќе започне во понеделник.

ПретходноАрсенал тргна по најпознатиот ловец на таленти!
СледноОд Литванија 2011 до Литванија 2014 со неуморниот „фајтер“ Војдан: Никогаш нема да ги заборавам тие денови!