Македонската кошаркарска репрезентација означи старт на мини-подготовките за двомечот со Литванија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година. Првиот меч се игра на 21 овој месец во СРЦ „Кале“, додека реваншот е за три дена во Клаипеда.
За жал, селекторот Александар Јончевски на првата средба нема да може да смета на замислениот ростер. Американецот со македонски пасош, Итан Хап е под голем знак прашалник, за него целата слика ќе ја има во текот на утрешниот ден, додека пак за првиот меч нема да биде ниту Ненад Димитријевиќ, кој на 21. игра меч од Евролига со Олимпија Милано.
И тука не застануваат проблемите, за првиот меч поради повреда отпадна Андреј Магдевски, засега не е познато дали ќе биде во ростерот за реванш дуелот.
И покрај ова нашите момци не се откажуваат за првата пресметка со фаворитот Литванија. Со голема желба и мотив ги започнаа овие мини-подготовки и надеж дека ќе продолжат да чекорат по патот кон носи кон ЕП 2025 година.
Македонија по првите две кола има победа и пораз, исто како и Литванија.