Шкупи е купен од Турчин од Германија за 500.000 евра!

1222

И дефинитивно Олгун Ајдин не е веќе газда на Шкупи. Тој веќе се “одјави“ самиот од Чаир, а веќе се знае и новиот спонзор на клубот. Тоа е Турчин од Германија кој го купил Шкупи за 500.000 евра, такви се нашите информации. Допрва ќе се обелодени официјално името на новиот спонзор, но работите се веќе во фаза од која нема враќање.

Сега и дефинитивно Олгун е само лошо минато за еден од нашите најтрофејни клубови.

Играчите на Шкупи под раководство на тренерот Алпарслан Ердем денеска редовно си тренираа, така не беше во минатите денови, а турскиот стратег останува на Чаир и поради фактот дека тој успеал да донесе новиот спонзор во клубот.

ПретходноЛН: Србија одигра 0:0 со Данска, Романија победи, реми на “Пољуд“, Шпанија со гол од пенал во 90+2 минута славеше!