Бентакур казнет со седум меча за најголемата глупост кажана во етер

170

Англискиот фудбалски сојуз, и официјално го суспендираше играчот за врска на Тотенхем, уругваецот Родриг Бентакур поради изјавата која што ја дал во својата татковина. Во врска со неговиот соиграч од Јужна Кореја, Сон. Бентакур за Канал 10 на прашањето од вотиделот дали би набавил дрес токму од Сон, Бентакур изјавува дека може и да биде од братучет му да Сон бидејќи сите корејци изгледаат исто.

Уругваецот потоа се извини преку социјалните мрежи, кога се свести што направил но секако беше доцна за да се извлече од казна. ФА тогаш даде сооштение во кое Бентакур е обвинет за кршење на правилата на Федерацијата за недолично однесување. Медиумите јавуваат дека ФА ова го оценила како тежок инцидент и дека е формирана комисија токму по ова прашање.

Од друга страна Сон запрашан на оваа тема изјави.

„Разговаравме со Лоло. Погреши, тој тоа го знае и ми се извини. Лоло никогаш не би рекол нешто со задна намера и така навредливо. Ние сме како браќа и ништо не се промени. Ќе го поминеме ова и се ќе биде по старо и како што треба“ – изјави тогаш Сон.

Сепак, казната пристигна а официјалниот став на ФА е следниот.

„Независната регулаторна агенција го казнува Бентакур со седум мечеви суспензија и парична глоба од 100.00 фунти. Бентакур е казнет поради недолично однесување и користење навредливи зборови. Доведување на цеколупниот фудбал во компромитирачка ситуација. Се обрати на национална односно расна база што е недозволиво. “ – стои во официјалното соопштение на ФА.

 

 

ПретходноБалканско првенство во САМБО за млади успешно одржано (ФОТО)
СледноМилијана Релиќ со бронза во Загреб