Зарем ова е Хари Кејн?! (ФОТО)

110

Хари Кејн, капитенот на репрезентацијата на Англија доби статуа во Лондон во спортскиот центар „Питер Меј“. Секако дека Кејн се фотографираше до статуата, ама социјалните мрежи просто зовреа. Ретко кој може да каже дека статуата барем малку наликува на Кејн.

Интересно е тоа што нарачката е направена пред неколку години и тоа додека Хари Кејн играше за Тотенхем, сега како што е познато е член на Баерн Минхен, но дури деновиве е поставена.

Многу сум горд, ова беше момент да се вратам таму каде што започна мојот фудбалски живот. Се надевам дека ова ќе и помогне на новата генерација да најде инспирација да работи напорно и да работи на себе“ истакна Хари Кејн.

Image

ПретходноШокантно: Обрадовиќ доби отказ!
СледноШпанците со најава: Симеоне и Атлетико Мадрид се разделуваат!