Р. Ирска катастрофално беше поразена од Англија во рамките на Лигата на Нации на “Вембли“, и тоа со 5:0. Интересно, последниот гол за Англија го постигна дебитантот Тејлор Харвуд – Белис, инаку играч на Саутемптон, велиме интересно со оглед на тоа дека овој фудбалер кој има 22 години е иден зет на легендарниот Рој Кин, Ирецот кој беше капитен на Манчестер Јунајтед.
Кин сега работи како стручен коментатор а по мечот беше прашан да каже како тоа неговиот иден зет даде гол на неговата репрезентација.
По ова Кин истакна:
„Па, и не мораше тој да даде гол, а по ова некои работи може да се променат во семејството Кин. Секако дека се шегувам. Секако дека ова за мене е горко – слатка ситуација. Сериозно, станува збор за добро момче од пристојно семејство. Овој деби – гол за него е одлична работа, игра одлично и во својот Саутемптон. Само пофални зборови за него“ иостакна Кин за својот иден зет.
Инаку Белис е дете на Манчестер Сити, но сепак не успеа да добие шанса кај Пеп Гвардиола и затоа мораше да прави трансфер во Саутемптон каде во последно време игра одлично, токму затоа доби и шанса да дебитира за Англија.
Roy Keane’s daughter Leah recently got engaged to England CB Taylor Harwood-Bellis.
On commentary today, Mark Pougatch said ‘Not everybody knows that is your future son in law’ to Keane.
Roy’s reply is brilliant 😂😂😂 pic.twitter.com/sIFNBgvBGJ
— george (@StokeyyG2) November 17, 2024