Вечерва се одиграа повеќе натпревари во Лигата на Нации. Во Лесковац домашната селекција на Србија одигра само 0:0 со Данска и го освои третото место во групата па така ќе игра бараж за опстанок во Лига А.
Се чини дека во неколку наврати германскиот судија Феликс Цваер ја оштети домашната селекција, имаше и играње со рака на еден дански играч, но немаше пенал за домашната селекција.
Шпанија со гол во 90+2.минута и тоа од пенал ја победи Швајцарија со 3:2, стрелец беше Сарагоза. Интересно, во 32 минута на 0:0 Педри не успеа да реализира удар од белата точка.
Хрватска на „Пољуд“ во Сплит одигра 1:1 против Португалија и со тоа го освои второто место во групата во Лига А. Бадијала беше победата на Шкотска на гости против Полска со 1:2.
Романија во Лига Ц го победи Кипар со 4:1, што секако дека е лоша вест за нас.
Во Лига Ц селекцијата на Косово дома славеше со 1:0 против Литванија.