Новиот тренер на Пелистер се повика на изјавата на Јирген Клоп!

93

Раул Алонсо, новиот тренер на Пелистер ја започна својата ера во Битола. Шпанскиот стратег ќе дебитира во меч од Лигата на шампионите, и тоа на домашен терен во среда против Фредериција.

Тој е донесен со надеж дека од моменталниот ростер ќе го извади максимумот. Веќе добро знае дека Битола е спортски град и дека ќе се бараат резултати. Тој имаше интересна изјава, дури и го цитираше тренерот Јирген Клоп.

„Многу сум среќен и возбуден што сум тука. Имав топло добредојде од сите и ми покажаа дека им е драго што сум тука. Едвај чекам да работам со тимот. Заедно одработивме еден тренинг, на почеток сме на проектот. Среќен сум што сум дел од градот и клубот.

Од она што го видов имам многу импресии поврзани со тимот. Има простор за голем напредок и можност екипата да биде во корелација со емоциите од трибините, од овој ракометно историски град. Знам дека нашата сала и нашите навивачи се посебни. Ова е ново животно искуство за мене, тимот има потенцијал, но мора и многу да работи.

Сакам да им порачам на фановите дека сум среќен што ви се приклучив. Доаѓам на место кое бара многу од еден тренер, но може да кажам само што рече Јирген Клоп: Да создадеме култура во која сите оние кои се сомневаат ќе ги претвориме во луѓе кои веруваат. Ние веруваме, мора да веруваме, секојдневно да работиме за да ги задоволиме нашите навивачи. Но, и порачуваме дека и тие ни се потребни, бидејќи со нив имаме еден, дури и два играчи повеќе“, изјави Шпанецот. 

ПретходноЛи Карсли: Ни олесна по триумфот и пласманот во А дивизијата
СледноРоманците со инфо директно од УЕФА: Ќе има драконски казни за Косово