Како што пренесуваат медиумите во Србија, Монако во текот на денешниот ден му врачил отказ српскиот стратег Саша Обрадовиќ. Ова не е изнедување ако се знае дека на овој тим во последно време и тоа како не му одеше. Се говореше за отказ по поразот од Ц.Звезда дома, но тоа сепак не се случи. Од друга страна поразот од Ле Ман на домашна сцена едноставно Обрадовиќ не го „преживеа“.
Да потсетиме дека српскиот стратег досега како прв тренер работеше во Ц. Звезда, Алба, Локомотив Кубан, Келн и други клубови.