Дојде во Атлетико Мадрид и остана, ако се смета јуни следната година кога ќе заврши сезоната, цели 14 години. Секако дека станува збор за Диего Симеоне, најуспешниот стратег на “јорганџиите“, две финалиња во Лигата на Шампионите и две титули во Ла Лига во време на Меси во Барса и Роналдо во Реал, но сепак во последните две – три сезони, Атлетико Мадрид е далеку од некој успех, посебно ако се знае дека Аргентинецот со 30 милиони евра бруто е најплатениот фудбалска тренер во светот.
Во изминатиот период се погласни се шпекулациите дека Атлетико веќе пикирал наследници на Диего, а своја улога има и новиот спортски директор на клубот Карлос Букеро кој не крие дека не е баш воодушевен од работата на Симеоне. Инаку познато е дека Атлетико со Симеоне како тренер игра можеби најдекадентен фудбал во најсилните лиги во светот, иако во ростерот има екстра играчи.
Кога сме кај наследниците се говори за Фернандо Торес, Унаи Емери, Хулиен Лопетеги, Луис де ла Фуенте…