Јончевски: Ова се двата најважни мечеви во овие квалификации

47

Македонската кошаркарска репрезентација денеска го одржа собирот по повод двата претстојни квалификациски мечеви против Литванија, на домашен терен и на гости.

Селекторот Јончевски има проблеми при составувањето на екипата, но преовладува мислењето дека оние што се тука и се подготвени за настап секако дека ќе бидат со огромна мотивација против силниот противник.

„Најважните мечеви во овој квалификациски прозорец. Работите стојат така да мораме да победиме на еден натпревар за да ги задржиме шансите за пласман на следното европско првенство. Литванија е фаворит, тоа е една исклучително добра репрезентација поготово во последните неколку години. Репрезентација која не размислува за натурализација на играчи што говори за нивниот квалитет. Верувам дека натпреварот во Скопје ќе биде показател дали сме подготвени за европско првенство“, вели Јончевски па додава.

Притисокот е кај Литванија

„Притисокот е на нивна страна бидејќи и тие загубија еден натпревар против Естонија нешто што не го очекувале нормално. Важеа за фаворити во групата пред почетокот на квалификациите, но Естонија покажа дека и самата е сериозна екипа. Со оглед на нивниот пораз во првиот прозорец картите им се отворени и ќе одат со максимален напор за забележат две победи“, додаде македонскиот селектор

 

 

ПретходноПлатини е против ВАР, би го оставил на сила само за една работа
СледноБалканско првенство во САМБО за млади успешно одржано (ФОТО)