Арсенал тргна по најпознатиот ловец на таленти!

88

Раководството на Арсенал е во преговори со спортскиот директор на Пари Сен Жермен – Луис Кампос. Премиер-лигашот веќе испратил понуда го него за да ја заземе истата позиција во таборот на „топчиите“, пренесува Sky Sports. „Топчиите“ бараат нов специјалист на функцијата по заминувањето на Еду Гаспар, за кој стана јасно дека го напушта клубот од англиската престолнина.

Се вели дека лондончани го таргетирале Кампос, бидејќи со својата работа во близина на Ајфеловата кула, тој стана познат по тоа што забележува млади таленти.

Сепак, целта на англиските вицешампиони ќе биде тешко остварлива, бидејќи Пари Сен Жермен најави дека сака да го продолжи договорот со својот спортски директор. Но, има надеж бидејќи преговорите продолжуваат и не е постигнат нов договор.

Договорот на Португалецот со Пари Сен Жермен истекува следното лето. Пред тоа, Кампос беше спортски директор на два други клуба од француската Лига 1 – Монако и Лил.

ПретходноКошаркарите на собир, Јончевски го скрати списокот за Литванија!
СледноПогледнете како изгледа тревникот на Баерн на пет дена до дуелот со Аугсбург