Ли Карсли: Ни олесна по триумфот и пласманот во А дивизијата

53

Англија е повторно дел од најдоберото друштво во Лигата на Нациите. По синоќешниот триумф над Ирска со високи 5:0, Англија и официјално го освои првото место во групата и се плазира во А дивизијата.

ВД селекторот Ли Карсли смета дека му го предава тимот на новиот селектор Томас Тухел во одлична состојба и дека сега откако Англија е повторно онаму каде што припаѓа на сите им е полесно.

„Во нашиот табор има чувство на олеснување бидејќи се очекуваше тимот да победи и да се врати во А дивизијата. Уживав во предизвикот. Сега ќе ставам се на хартија и ќе се сретнам со Томас Тухел за да му предочам со што ќе се соочи“ – изјави Карсли па додаде.

„Нашата задача беше да помогнеме што е можно повеќе. Веќе со нетрпение очекувам да се сретнам со Тухел во наредните недели. Томас е еден од водечките менаџери во светот. Следен предизвик за момците е да влезат во составот за следните натпревари во март. Многу од нив ги натераа луѓето да гледаат кон нив со респект. Горд сум на многу играчи. Сакав тимот на Англија да биде привлечен за гледање и да игра напаѓачки. И тоа го направивме. Можев да работам во мир затоа што уживав во довербата на моите шефови, што е одлично за самодовербата“, додаде Карсли.

 

Претходно„Црвено-жолтиот“ дрес секогаш е посебна мотивација (ФОТО)
СледноНовиот тренер на Пелистер се повика на изјавата на Јирген Клоп!