Новак Ѓоковиќ продолжува да тоне на АТП-листата

191

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ падна за една позиција на новата АТП листа. Откако не ја одбрани титулата на завршниот Мастерс во Торино, тој е на седмото место со 3.910 бодови.

Ова е прв пат од 2017 година, а само втор од 2006 година, најдобриот тенисер во историјата да испадне од Топ 5 кога е во прашање пресекот на АТП листата.

Прв е Италијанецот Јаник Синер, кој ја зголеми предноста со освојувањето на титулата во Торино во неделата навечер, па сега има 11.830 бодови, 3.915 повеќе од второпласираниот Александар Зверев од Германија.

Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз, додека финалистот на завршниот мастерс Американецот Тејлор Фриц го презеде четвртото место од Русинот Данил Медведев, што е негов најдобар пласман во кариерата.

Норвешкиот Каспер Руд напредуваше за едно место, на шестото место.

ПретходноНоемврискиот поход на Македонија и го носи најдобриот пласман на ФИФА ранг листата во последните 15 години!
СледноРакометарките стартуваат со мисијата ЕП 2024!