По двонеделна пауза поради настапите на нашата репрезентација, претстојниот викенд, односно во недела (24.11.2024) продолжуваат возбудувањата во нашата елитна лига. На програмата се сите шест средби, а секако дека во Битола одново ќе има спетакл. Играат Пелистер и Шкендија и тоа од 17 часот, значи по дуелот со Вардар кога за првпат “светнаа“ рефлекторите под “Тумбе Кафе“ и во недела ќе се игра во вечерен термин во Битола.
На останатите средби од ова 15.коло, се играат од 13 часот, се среќаваат Гостивар – Тиквеш, Воска – Вардар, Шкупи – Силекс, Брера – Струга Трим Лум, Работнички – Беса.
Во сабота (23.11.2024) се закажани сите мечеви од 13.коло во ВМФЛ.