Крилниот напаѓач на Баерн Минхен се нафрли на Тухел

125

Шпанското крило Брајан Сарагоса беше еден од хероите за Шпанија во тешката победа од 3-2 над Швајцарија. Токму сегашниот крилен напаѓач на Осасуна успеа да добие пенал во финишот на мечот, кој самиот го претвори за да му донесе успех на својот тим.

По средбата зборуваше за поранешниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, кој од први јануари ќе биде на чело на Англија. Сарагоса беше привлечен од Баварците токму во времето на Тухел, но тој не му даде шанса да се наметне во тимот, посочувајќи дека не знае да го зборува локалниот јазик и тоа му ја попречило адаптацијата. Тоа лето беше испратен на позајмица во Осасуна, каде има еден гол и пет асистенции од почетокот на сезоната во 13 натпревари во Ла Лига.

„Дали Тухел рече дека ми недостасува адаптација? Фудбалот се игра со нозете, а не со јазикот. Мислам дека нема потреба да кажам ништо друго. Играм за да ги направам луѓето среќни. Пеналот беше лична работа. Го побарав од Фабијан и тој ми го даде, за што сум благодарен. Не чувствувам притисок“, заклучи Сарагоса.

По завршувањето на сезоната тој повторно ќе се врати во Баерн Минхен.

ПретходноДешамп и Мбапе на средба – ќе ги „расчистуваат“ сметките
СледноНиколов: Штета што ги немаме Нено и Шортс – приказната ќе беше поинаква!