Легендата на Арсенал, еден од најдобрите фудбалери на Франција во историјата, Патрик Виеира ќе биде нов тренер на Џенова, Ова доаѓа откако некоашниот клуб на нашиот Горан Пандев се раздели со Алберто Џилардињо.
Виеира беше голем како играч, но како тренер допрва ќе мора да ги бара височините во таа професија.
Инаку секако овој потег на Џенова нема да му се допадне на Марио Балотели, кој неодамна дојде во овој тим, а познато е дека Супер – Марио и Патрик Виеира и тоа како не се “мирисаат“.
Играа заедно во Манчестер Сити, имаа своја “епизода“ во Ница како тренер и играч, како ли ќе биде во Џенова останува да се види.
Ова е проблем во најава, јасно е дека Виеира ќе биде шефот, но Балотели си е Балотели.