Со оглед на тоа дека не беа во нашата репрезентација за време на ноемврискиот циклус во Лигата на Нации, Стефан Ристовски и Аријан Адеми вредно тренираа(т) во тренинг – центарот на Динамо Загреб во пресрет на следните мечеви во Лигата на Шампионите и ХНЛ.
Секако дека како едни од најголемите ѕвезди на “модрите“, нашите интернационалци се во центарот на вниманието и на админот на социјалните мрежи кој постирајќи ја оваа фотографија прашува – пронајдете ја разликата?