Џенова го отпушти Џилардино, на негово место доаѓа Виеира

41

Италијанскиот фудбалски клуб Џенова денеска го отпушти тренерот Алберто Џилардино.

„Џенова соопштува дека Алберто Џилардино е разрешен од должноста. Клубот му се заблагодарува но за заедничките постигнати цели низ годините и му посакува се најдобро во кариерата“, соопштија од клубот.

Тој ја презеде Џенова во октомври 2022 година со краткорочен договор, но по добрите резултати доби повеќегодишен договор. Џенова е на 17. место на табелата во Серија А со 10 бодови, еден повеќе од зоната за испаѓање.

Италијанските медиуми објавија дека нов тренер на Џенова ќе биде Патрик Виеира.

ПретходноЈошко, Љафта и Савовски утре се борат за осминафинале во европските купови
СледноВардар 1961 со реми се враќа од гостувањето кај Валур