Анчелоти повторно доби понуда што не се пропушта!

364

Ерата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид би можела да заврши на крајот од оваа сезона. Сепак, тоа нема да биде крај на неговата тренерска кариера бидејќи би можел да ја преземе селекторската функција.

За неговите услуги долго време е заинтересиран Бразил. Првиот обид да го донесат беше неуспешен, но одлучија повторно да тргнат по него.

Шпанскиот новинар Едуардо Инда открива како Бразилците се решени да го ангажираат Анчелоти и цврсто веруваат дека ова е негова последна сезона во Мадрид.

“Фудбалскиот сојуз на Бразил уште еднаш му пристапи на Карло Анчелоти. Тие веруваат дека неговото столче во Мадрид е разнишано и дека на крајот од сезоната неговата одлична епизода во клубот може да заврши. Анчелоти и Гвардиола се опции за Бразил”, изјави Инда.

65-годишниот Италијанец ги презеде „Кралевите“ во 2021 година. Тој имаше огромен успех во изминатите три и пол години и освои се што можеше.

Сепак, оваа сезона започна исклучително лошо. Реал Мадрид не е на нивото како порано и веднаш почнаа приказните за негово заминување.

Сепак, тој има голема поддршка од раководството на клубот. Тој може да биде заменет само со некоја неверојатна серија на порази, а тоа ќе биде многу тешко да се случи.

Ачелоти има договор со Реал до летото 2026 година. Сепак, многумина веруваат дека Италијанецот ќе си замине по оваа сезона и ќе го повика Чаби Алонсо на неговата позиција.

ПретходноАлонсо пред Фредериција: Ова е меч со голем влог, а одбраната ќе биде клучна!
СледноВардар 1961 на гости кај единствениот тим кого успеа да го победи во Европската лига!