Зинченко: Артета им кажуваше на повредените да патуваат со првиот тим за да го збуни противникот

168

Фудбалерот на Арсенал и на украинската репрезентација, Олександр Зинченко раскажа како неговиот тренер Микел Артета ги чува во тајност почетните состави за натпреварите.

„Во неколку наврати успеав да видам како фудбалерите кои беа повредени влегуваа во клупскиот автобус и дури влегуваа и во соблекувалната со своите торби. Артета го правеше ова со цел да го збуни тренерот на ривалот за тие да не можат да бидат сигурни кои фудбалери ќе настапат, а кои не. Артета обожува да си поигрува со своите противници“, изјави украинецот.

Оваа случка како и многу други Зинченко ја опиша во својата книга со наслов „Верувај“.

Претходно„Скај Спорт“: Ливерпул е најдобриот англиски клуб во последните 50 години, Јунајтед е втор а Сити дури на 8.место!
СледноИсак е главната мета на Арсенал во зимскиот преоден рок