Најслабата репрезентација на ФИФА ранг листата, ја заврши својата одисеја во Д Лигата на Нации на најубав можен начин, се разбира дека испиша историја.
Сан Марино вчера го победи Лихтенштајн на гости со 1:3 и со тоа го освопи првото место во групата Д1, и тоа против споменатиот Лихтенштајн и Гибралтар, а со тоа обезбеди и пласман во Ц Лигата на Нации.
Оваа победа беше втора во последните 20 години за оваа селекција, првата беше исто така против Лихтенштајн дома, и таа победа беше прва после 2004 година кога Сан Марино успеа последен пат да победи во еден официјален меч.
Вчерашното гостување испиша историја во Сан Марино. По првпат успеа да постигне три гола на еден меч во историјата, првпат победи на гости, за првпат победи после дефицит на полувремето.
Ова се златни моменти на една од најмалите земји во светот, на најслабата селекција според ФИФА листата.