“Не си ти виновен, вината е кај мене зошто бев будала што те викнав во репрезентација“!

802

Џиџи Буфон важи за еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Тој е икона на италијанскиот фудбал, некогашен голман на Парма, Јувентус, ПСЖ, во моментов е директор на репрезентацијата на Италија, еден од најблиските соработници на селекторот Лучано Спалети.

Деновиве Буфон ја промовираше својата автобиографија наречена “Паѓање, станување, паѓање, станување“.

Во неа Џиџи ги раскажува сите негови моменти во животот поврзани со фудбалот, но и тие од приватниот живот, посебно се осврнува на проблемите со обложувањето.

Секако дека за фановите најинтересно е што кажува тој за неговите тренери.

Капело секогаш барал повеќе од него и кога бил фантастичен, Алегри бил тивок и мирен како ангел. За разлика од него Конте постојано се дерел. Со Липи било мешано, а еве што Марчело му кажал на Џици по дебаклот на СП 2010 во Ј. Африка:

Џиџи, верувај дека не си ти виновен, вината е кај мене зошто бев будала што те повикав во репрезентацијата“.

Интересно.

ПретходноОд Барса со потврда: “Да, имавме понуда од 250 милиони евра за Јамал, но ја одбивме“!
Следно„Скај Спорт“: Ливерпул е најдобриот англиски клуб во последните 50 години, Јунајтед е втор а Сити дури на 8.место!