Солзи во Малага: Надал го загуби можеби неговиот последен меч

109

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Шпанецот Рафаел Надал го одигра можеби последниот натпревар во неговата кариера. Во денешното четврфинале во Дејвис Купот во Малага, Надал загуби од Холанѓанецот Ван де Зандшулп со 6:4, 6:4 по час и 51 минута игра. Холандија на тој начин поведе со 1:0.

Од претставувањето до ракувањето по натпреварот, полната сала во Малага, гласно навиваше за Рафаел Надал. Освојувачот на 14 Грен слем турнири на Ролан Гарос во Париз, и вкупно 22 Грен слем титули во кариерата, ја завршува кариерата на 38 години. Можеби овој неговиот прв натпревар во четвртфиналето на Дејвис купот беше и последен.

Триесет и осумгодишниот Надал за првпат играше во Малага откако беше елиминиран во второто коло на Олимписките игри во Париз, кога беше поразен од Новак Ѓоковиќ.

ПретходноРеал се откажа од Александер-Арнолд, барем до лето
СледноМартино си замина од Интер Мајами, Бекам мора да бара нов тренер