Јошко, Љафта и Савовски утре се борат за осминафинале во европските купови

32

Македонските одбојкарски репрезентативци Филип Савовски и Александар Љафтов утре ќе се борат за место во осминафиналето на европските купови на ЦЕВ. Савовски со неговата Војводина на домашен терен го пречекува романски Брашов во реванш 1/16-финалето од Купот на ЦЕВ, откако во првиот меч загуби на гости со 3:1.

Војводина и на таа средба покажа дека има европски квалитет, а Савовски брилјирапше и беше најдобар поентер во составот на новосаѓани.

ПАОК на нашиот Александар Љафтов, кој, пак, е предводен од нашиот најдобар и најтрофеен тренер Јошко Миленкоски, утре на домашен терен во Челинџ Купот го очекува шпански Сан Роке Лас Палмас. На првата срфедба во Шпанија минатата недела, Јошко и Љафта славеа со 3:2, па сега на домашен терен само треба да го потврдат местото во осминафиналето.

ПретходноМартино си замина од Интер Мајами, Бекам мора да бара нов тренер
СледноЏенова го отпушти Џилардино, на негово место доаѓа Виеира