Екипата на Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) му гостува на Валур во рамките на петтото коло во Европската лига. „Црвено-црните“ ќе ги одмерат силите со единствениот тим против кого успеаја да запишат победа во групната фаза, и тоа на стартот на домашен терен од 33-26.
Од оваа средба дојдоа поразите од Мелсунген и два од Порто, па македонскиот тим е на третото место на табелата без шанси за пласман во следната рунда.
Останува „црвено-црните“ до крајот да одиграат на повисоко ниво и достојно да се одајват во Европа. Ова значи и триумф на денешната пресметка.
На клупата на Вардар 1961 е Аргентинецот Гиљермо Милано, кој треба да направи покомпактен тим за остварување на целта оваа сезона, а тоа се круните во домашниот шампионат.
Милано имаше шанса да се запознае со ракометарите, дури го водеше и тимот против Струга, па веќе добро знае со што располага.