Како што денеска официјалната прес служба на Реал Мадрид објави, Едер Милитао успешно е опериран. Да потсетиме дека Бразилецот неодамна се здоби со тешка повреда, кинење на вкрстените лигаменти по што мораше да оди на операција а сега пред него е долга и мактрпна рехабилитација.
Оптимистичките прогнози велат дека тој ќе биде фит некаде околу јуни – јули 2025 година, што значи дека оваа сезона за него е завршена и на него ќе се смета дури за наредната 2025/26.