Николов: Штета што ги немаме Нено и Шортс – приказната ќе беше поинаква!

139

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со подготовките за двомечот со Литванија во рамките на квалификациите на пласман на ЕП 2025 година. Првиот дуел се игра во четврток во СРЦ „Кале“ додека реваншот е закажан за три дена подоцна во Клаипеда.

За првата средба, за жал, во составот ќе го немаме најдобриот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, кој истиот ден игра со Олимпија Милано против Макаби во Евролига, а под знак прашалник е Итан Хап, кој веќе треба да е во Скопје, но прво ќе оди на прегледи. Не можеме да сметаме ниту на Ти-Џеј Шортс, кого нема доби дозвола да и помогне на Македонија од неговиот тим, Париз.

Отсуството на двајцата плејмејкери го спомена и Кристијан Николов.

„Ги немаме Нено и Шортс кои играат во Евролига. Кога би биле тука ќе беше друга приказна. Нам ни останува да дадеме се од себе, да изгинеме за секоја топка, да покажеме карактер. Сигурен сум дека секој со соиграчоте ќе го даде максимумот на терен и се надевам на позитивен резултат.

Тешко е да се прогнозира дали ќе се пласираме на ЕП, бидејќи секој меч е посебна приказна, не знаеме со кој состав ќе настапиме.

Што се однесува до Летонците допрва ќе ги анализираме. Нема да бидат комплетни, но имаат нов селектор, па ќе биде тешко да се направи скаутинг за првата средба“, изјави Николов.

ПретходноКрилниот напаѓач на Баерн Минхен се нафрли на Тухел
СледноФИФА потврди – Македонија за првпат е во трет шешир