Фудбалско Косово во наредните години ќе добие четири стадиони. Два ќе бидат реновирани а два ќе бидат сосема нови. Според плановите и макетите тие ќе изгледаат прекрасно. Секако дека ова ќе биде голем поттик за фудбалот кај нашиот северен сосед да оди напред.
Министерот за спорт во владата на Косово, Хајрулах Чеку ја соопшти оваа информација. Како што се планира, за сите овие четири стадиони потребни се 50 милиони евра, но тие средства се веќе обезбедени.
Нови стадиони ќе се градат во Пеќ и Феризај (Урошевац), додека постоечките во Призрен и Вуштрију (Вучитрн) ќе бидат целосно реновирани.
Како што се планира сите стадиони треба да бидат готови најмногу за пет години.