Кошаркарот на Денвер Нагетс, Расел Вестбрук синоќа во победата против Мемфис Гризлис стигна до 200. трипл-дабл во кариерата.
Неверојатно достигнување за Рас и секогаш кога ќе запише трипл-даб го соборува рекордот во НБА.
Веднаш зад него, со 136 трипл-дабл во кариерата е соиграчот Никола Јокиќ, кој еден ден би можел да стане најдобар во тој сегмент од статистиката.
„Никола е еден од најдобрите во светот. Не еден од најдобрите, туку тој е најдобар во светот“, рече Вестбрук.
Натпреварот со Гризлис го заврши со 12 поени, 10 скока и 14 асистенции.