До денеска сите во нашиот табор се надеваа дека Итан Хап ќе успее да се рехабилитира од повредата барем за вториот натпревар со Литванија на гостински терен во рамките на квалификациите за Европското првенство 2025 година.
Но, од таборот на македонската кошаркарска репрезентација стигнаа лоши вести. Американецот со македонски пасош нема да може да биде на располагање на селекторот, Александар Јончевски ниту за реваншот.
Првата средба со Литванија е закажана за утре во 18 часот во СРЦ „Кале“, додека реваншот се игра во Клаипеда на 24. ноември. За дуелот на гостински терен е најавен Ненад Димитријевиќ. Тој нема да настапи во Скопје бидејќи со неговиот тим Олимпија Милано игра меч од Евролига.