Италија е нов светски шампион во Били Џин Кинг купот

37

Италијанските тенисерки Луција Бронзети и Јасмин Паолини и ја донесоа шампионската титула на Италија во Били Џин Кинг купот, откако вечерва во финалето ја совладаа репрезентацијата на Словачка со резултат 2:0.

Во првиот натпревар Бронзети ја победи словачката тенисерка Викторија Хрунчакова со 6:2 и 6:4 во сетови, а во вториот меч Паолини славеше против Ребека Срамкова со 6:2 и 6:1. Паолини која е и четврта тенисерка на ВТА листата стигна до победата во меч кој траеше еден час и шест минути.

Ова е петти трофеј за Италија во Били Џин Кинг купот и триумф по 11 години без трофеј во натпреварувањето.

ПретходноКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА
СледноЕвропски купови: Јошко и Љафтов во осминафинале, Савовски елиминиран