Косово најави жалба до Спортскиот суд во Лозана за денешниот пораз на „зелена маса“ од селекцијата на Романија, на мечот во Букурешт од Лигата на нации кои го напуштија пред самиот крај.
УЕФА одлучи да го регистрира мечот со 3:0 за Романија и да ја казни Косовската фудбалска федерација со 6000 за однесувањето на играчите. Фудбалската федерација на Романија е казнета со вкупно 128.000 евра поради однесувањето на навивачите, а репрезентацијата на Романија следниот меч на домашен терен ќе го одигра без публика.
„За федерацијата и играчите на нашата репрезентација, оваа одлука е потврда за мудроста на нашите постапки против расистичките пароли и провокативните политички изјави за Косово. Оваа одлука целосно ги оправдува нашите постапки и горди сме што нашиот тим правилно ја процени ситуацијата со изборот да го напушти теренот во знак на протест против дискриминаторското однесување. Оваа одлука потврдува дека Косово постави нов стандард за заштита на достоинството и почитта во меѓународниот фудбал. И покрај тоа, не се согласуваме со одлуката на Косово да му се одземат три бода и мечот да се регистрира со 3:0 во корист на Романија. Во врска со оваа одлука, федерацијата ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана“, се вели во соопштението.