Во пресрет на Европското ракометно првенство за жени 2024, раководството на Ракометната Федерација на Македонија, Претседателот Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски заедно со Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ги посетија репрезентативките на тренинг.
Ристовски и првите луѓе на РФМ им посакаа успешен настап на континенталниот собир.