Тајник: Цел град очекува да победиме!

74

Пелистер вечерва (20:45 часот) на домашен терен има шанса да дојде до втората победа во Лигата на шампиони и тоа под водство на новиот стратег, Раул Алонсо. Во Битола гостува Фредериција, последнопласираниот тим во групата на македонскиот првак.

По триумфот на гостински терен од 23-25, фановите на Пелистер очекуваат победа, а за тоа се свесни и ракометарите, кои истовремено се претпазливи бидејчи противникот знае да биде доста незгоден.

„Јавноста очекува големи работи од нас на овој натпревар. Сепак, ќе биде многу тешко. Фредериција е одличен тим, а имавме и краток период да работиме со новиот тренер. Добро се подготвуваме и до среда ќе бидеме уште поспремни. Цел град очекува победа и ние ќе го дадеме својот максимум за да ја оствариме. Фредериција игра многу брза и специфична одбрана 3-3 и ние се подготвуваме за нив“, изјави Домен Тајник.

Пелистер пред осмото коло во ЛШ е шести на табелата, бодовите ќе бидат значајни за пласманот во следната рунда.

ПретходноЛевандовски нема намера да ја напушти Барса, Шпанците го открија неговиот план
СледноВестбрук му „бега“ на Јокиќ, неговиот рекорд засега е недостижен!